22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите, вели СДСМ

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за соодватна финансиска награда за пожарникарите, војниците, полицајците, за сите кои учествуваат во гаснењето пожари.

Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците.

Нема пари за работниците, дрско порачува ВМРО-ДПМНЕ сервирајќи му на народот нова епизода од нивните најлоши политики.
Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите, нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците….
Пари им само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи.

Баш му е гајле за животниот стандард на народот. Работникот за него е неважен, го смета за евтина работна сила.

Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК