22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Групите за соработка мост за зацврстување на односите со Австралија

Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, остварија средба со Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија.

Средбата ја отвори претседателот на Групата, Љупчо Пренџов, кој изрази задоволство од можноста за поблиско запознавање и размена на искуства со претставници од пријателската земја како Австралија.

Во таа насока, своето задоволство го искажа и претседателката на Австралиската група, Фернандо, потенцирајќи ги пријателските односи и пригодата преку овие средби да учат повеќе едни од други и да се слушнат нови идеи.

Присутните се согласија дека соработката треба да се интензивира на повеќе полиња, како економија, образование, култура, туризам, што ќе биде во корист на двете држави. Многубројната дијаспора од нашата земја во Австралија, којашто таму е вклучена во сите општествени сфери, претставува цврст мост за соработка и мотив плус за продлабочување на односите.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК