24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот Бетал, Пенсливанија, отвори оган на поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен 130 метри од собирот, објавија американските медиуми.

Крукс уби едно лице од толпата, го погоди Трамп во увото, а потоа беше застрелан од агенти на Тајната служба.

Полицијата била видена околу неговото тело и пушката која тој ја користел во еден од најстрашните акти на политичко насилство во историјата, пишува „Дејли мејл“./Извор:Makfax