18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден денеска на прес-конференција; Белата куќа: Тој е големо момче

Џо Бајден, кој се бори за политички опстанок со секое појавување во јавноста, в четврток се соочува со непријатен тест за својата претседателска кандидатура – прес-конференција, обврска што баш и не ја сака.

Но, Белата куќа ветува дека тоа ќе биде „прес-конференција на големо момче“, без детали за тоа како ќе се одвива.

Изборот на зборовите на претставникот за печатот на Белата куќа, Карина Жан-Пјер, за Бајден како „големо момче“ сугерира дека неговата средба со претставниците на медиумите сега ќе биде поинаква за разлика од кратките прашања и одговори, главно кога прима странски државници и доставени прашања од однапред одредени новинари, најмногу четири.

Прес-конференцијата е закажана за 23.30 часот по средноевропско време, а Бајден ќе мора јасно да се изрази со самоуверен глас и да зборува без белешки.

Накратко, тој мора да направи сѐ што не можеше да направи на 27 јуни на дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој ќе се соочи со него на претседателските избори на 5 ноември./Извор:Makfax