Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ВО ТЕК Е КАМПАЊАТА „НОСИ КАЦИГА“

​Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, во месец мај 2024 година ја започна кампањата „Носи кацига“. Оваа кампања се реализира со делење на едукативно-рекламен материјал и едукативно-превентивни активности во повеќе градови.


​Кампањата „Носи кацига“ е пред сѐ насочена кон лицата кои управуваат мотоцикл, велосипед и тротинет, и нивното одговорно и безбедно учество во сообраќајот со цел подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема (во прв ред заштитен шлем) и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК