Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ утре избира нов лидер

СДСМ утре на внатрепартиски избори избира нов претседател на партијата.

Од партијата вчера објавија дека се целосно подготвени за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела.

-Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите, рече вчера Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ.

Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список.

Избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места.

Можеби ќе ве интересира

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК

Премиерот објави фотка од дрон: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

ДЕСК

Апсења и претреси низ Македонија – Уапсен директор на моќна институција

ДЕСК