15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мадиќ: СДСМ целосно е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

-СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела. Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите, рече денеска Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија на СДСМ.

„Ги следевте сите 4 кандидати, им беше обезбедено да може да се промовираат во 8 региони.

Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список. Добивме приговори од одредени општински организации, дел од нив беа прифатени, дел не беа, зависно од одредбите на Статутот, Правилниците и одлуките донесени од Централниот одбор.

Може да соопштиме дека избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места.“ – изјави Мадиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

ДЕСК

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.