23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение.

Од тука нагласуваат дека владата се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и, како што велат, целосно непознавање на историјата.

„Грчкиот министер за надворешни работи веќе детално ги покрена релевантните прекршувања на своите колеги во Советот за надворешни работи и ќе продолжи да го прави тоа. Дополнително, ова прашање е покренато на меѓународно ниво од страна на грчката влада“, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Како што додаваат, раководството на Северна Македонија секојдневно се повеќе се оддалечува од добрососедските односи кои го сочинуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право./Извор:Makfax