27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Би разговарал со Путин, верувам во моќта на дијалогот

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во последните неколку месеци, но вели дека би сакал да го продолжи дијалогот со рускиот лидер.

„Верувам во моќта на дијалогот и би го продолжил со Путин. Немаше дијалог во последните неколку месеци“, рече Макрон, додавајќи дека би можеле да разговараат и за прашањето за нуклеарните централи.

Во март, францускиот претседател ја отфрли идејата дека односите меѓу него и Путин се заладени и потсети дека тој неколку пати разговарал со рускиот претседател откако Русија започна војна во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија сака да се повлече од конвенцијата за забрана на тортура

C +

Трамп најавува преименување на Пентагон: „Веројатно, за една недела“

C +

Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

C +