7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ципрас: Со Зоран се боревме за промовирање на мир, истовремени штитејќи ги националните интереси на нашите земји

„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека тој, заедно со поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев ја презеле одговорноста и го направиле тоа што е неопходно за граѓаните и покрај политичката цена која ја платија.

„Затоа оваа конференција, шест години подоцна не е само одбележување или собир за теоретски да се дискутира за големите проблеми, под превезот на лажна неутралност. Не, ова е важен политички настан кој ги гледа сегашноста и иднината и дава напор за промоција на прогресивните политики“ рече Ципрас.

Тој додаде дека на конференцијата учествуваа околу 40 говорници од цела Европа, Балканот и САД и дека сите дадоа придонес и препораки за Балканот, за мир и за иднината на Европа.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК