Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

– Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните.

Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил, изјави Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ и уште додаде:

– А што договорил Заев, тој првин добил куферче, а дал стик со материјали и ветување и шема за преземање на две големи македонски фирми од фирми блиски до поранешен бугарски премиер.

Се што прави Венко Филипче во оваа кампања е во насока на реализација на планот на Заев, односно создавање на услови за некогаш тоа да се случи.

Планот сепак не им оди од рака, затоа што се разоткриени и затоа што СДС на овие избори ќе доживее уште еден историски дебакл како што доживеа и на претходните избори.

Планот и шемата на Заев по која работи Филипче не успева, народот го прочита СДС. Македонија не е и нема да биде нивна паричка за поткусурување, рече Петрушевски.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК