9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

„Мојата програма “Манифест на социјалдемократијата” во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“ порача Петровска.

Петровска продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК