Единаесетгодишното момче вчера вечерта паднало од тврдината Калемегдан во Белград и се здобило со тешки телесни повреди. Како што пренесуваат српските медиуми, момчето возело велосипед во паркот Калемегдан и паднало од висина од три метри.
Белградската Итна помош соопшти дека со повреди момчето било пренесено во Ургентниот центар каде е задржано на лекување./Извор:Makfax