1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Под слоганот „Почни од нула“, НЛБ Банка започна промотивна кампања за станбени кредити, овозможувајќи им на сите оние кои размислуваат за нови почетоци, нов или сопствен дом, бараниот кредит да го добијат со единствени поволности.

Во промотивниот период кој трае до 31 август годинава, клиентите кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер при купување на стан, кредитот го добиваат без трошоци за одобрување, без нотарски трошоци и без трошоци за проценка на недвижност, а сега и со намалени каматни стапки, фиксни за период од 5, односно 10 години.

Дополнителна придобивка за клиентите е експертското водство, стручните насоки и поддршката на банкарскиот персонал во процесот од апликација до одобрување, како и широката понуда на Банката на повеќе градежни компании со кои се овозможени и поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка се достапни на www.nlb.mk, или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Можеби ќе ве интересира

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

ДЕСК

Да се биде клиент на Халкбанк значи да се биде чекор напред

ДЕСК