Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на Претседателот на Собранието Африм Гаши со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Армен Григорјан, постојан претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП) во земјава.

На средбата се разговараше за понатамошно унапредување на соработката, како и за конкретна поддршка од Собранието на Република Северна Македонија за донесување и за спроведување на Националната развојна стратегија 2024 – 2044 (НРС).

Честитајќи му го изборот на новата функција, Григорјан истакна дека Стратегијата опфаќа неколку сегменти со кои УНДП соработува со државните институции, со предлог и Собранието и понатаму да биде активно вклучено: дезинформации, младински политики (корелација со Националната младинска стратегија, транспарентност на ревизорските извештаи, образовна стратегија – со фокус кон донесување на подобрени закони за основно и средно образование, образование за возрасни, стручно образование и за ученици со посебни потреби). Посебен фокус во наредниот период ќе биде поставен и на климатските прашања и еколошката правда, односно легислативно институционализирање на правото на чиста човекова околина како основно човеково право.

Претседателот Гаши ги информира присутните дека очекува на првите седници на овој парламентарен состав, Собранието да ја донесе Националната развојна стратегија, комплетирањето на Управувачкиот совет и планирање на натамошните активности во Собранието. Претседателот се заложи и на општинско ниво да бидат разработени повеќе проекти особено за помалку развиените општини, кои ќе донесат бенефит за граѓаните, при што ја подвлече поддршката од Собранието при носење закони во функција на нивна реализација.

Гаши и Григорјан заклучија дека и во наредниот период соработката меѓу Собранието и УНДП ќе остане отворена и ќе продолжи со зголемена динамика, како и со другите институции во државата, сѐ со цел да се гарантира одржливоста на НРС во опфатениот период од 20 години.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

ДЕСК