22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новата Влада ќе биде формирана на 19-ти или 20-ти јуни

Новата влада ќе биде формирана на 19-ти или 20-ти јуни, најави Изет Меџити од ВЛЕН.

Како што претходно беше објавено мандатот за формирање на новата Влада го доби Христијан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ, кој ќе стане премиер како дел од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, коалиција која има околу 78 пратеници.

Изет Меџити вчера во изјава потврди дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а градоначалникот на Општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари министер за здравство.

-Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт – јас на функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот за здравство. Касами повторно ќе се врати на Тетово, за да го заокружи мандатот кој успешно го започна. Можам да потенцирам дека „Вреди“ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, рече Меџити во изјава за ТВ Алсат.