21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло со мала локална облачност и температури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во петок температури до 38°C, а потоа ПРЕСВРТ – Следуваат значителни промени со времето, МЕТЕОЦЕНТАР со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

ДЕСК

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК