СДСМ денеска ќе го одржи 29-от Конгрес.
Според најавите, на Конгресот ќе се анализираат причините за изборните резултати.
Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по катастрофалниот изборен пораз, се повлече од функцијата претседател и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.
Во четвртокот заврши рокот за кандидирање за претседател на СДСМ, а кандидатури поднесоа: поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.
Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни./Извор:Makfax