22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена стјуардеса откако пробала да криумчари речиси килограм злато

Стјуардеса од индискиот град Калкута, Сураби Катун (26), вработена во компанијата „Ер Индија експрес“ е уапсена поради обид за криумчарење.

Управата за разузнавачки работи организирала акција во раните утрински часови, минатиот петок, а по апсењето во ректумот и биле пронајдени 960 грама злато, јавува НДТВ.

Постои сомнеж дека стјуардесата го сокрила златото пред да се качи во градот Мускат, а локалните медиуми јавуваат дека властите „имале дојава за тоа што таа носи“.

Се наведува дека припадниците на ДРИ уапсиле уште една стјуардеса од градот Канур, односно истражуваат дали во шверц учествувале и други членови на кабинскиот екипаж.

„Њу Индијан експрес“ пишува дека Сураби наводно ги открила имињата на одредени лица вклучени во повеќе случаи на шверц на злато.

По сослушувањето и е одреден притвор, а локалните медиуми јавуваат дека во наредните денови се можни нови апсења./Извор:Makfax