18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Холандија: Украина може да нападне цели во Русија со нашите борбени авиони

Министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен, му порача на Киев слободно да ги користи борбените авиони „Ф-16“ што земјата има намера да ѝ ги донира на Украина за напади врз цели во Русија.

Имено, Холандија планира да испрати 24 борбени авиони „Ф-16“ во Киев.

Олонгрен во интервју за „Политико“ рече дека Холандија нема да воведе ограничувања за користење на авионите, како што е случајот со Белгија, каде што премиерот Александар де Кро го предупреди Киев да не ги користи нивните „Ф-16“ во рускиот воздушен простор.

„Нема ограничувања во белгиски стил. Кога ќе ги предадеме авионите на Украина, тие може да ги користат. Само бараме од нив да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, што значи нивно користење за таргетирате воени цели за самоодбрана“, рече Олонгрен.

Олонгрен и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, беа меѓу високите претставници што се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференцијата во Сингапур во неделата. Олонгрен ќе се повлече од функцијата министер за одбрана откако новата екстремно десничарска влада ќе положи заклетва. Таа рече дека се надева оти новата влада ќе продолжи да ги поддржува НАТО и Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Гранатирање кај најголемата нуклеарна централа во Европа, се крева црн чад; МААЕ издаде предупредување

C +

Британија го пречекува Трамп со голема помпа и надеж дека ќе се избегнат тешки прашања

C +

Израелски министер: Ќе изградиме величествена полициска населба во Газа

C +