23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

ЗА СЕДУМ ДЕНА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 215 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 215 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 27.05. до 02.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.