24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Започна големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро организирана од „Скопско“

На брегот на Охриското езеро утрово започна голема еко-акција за чистење на езерото, организирана од „Скопско“. Акцијата започна на пристаништето во Охрид каде околу 70 нуркачи од клубот „Амфора“ и гости од други клубови од соседните земји нурнаа во езерото за да го исчистат езерското дно. Во исто време, на плажата Дебрца на стариот пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска, започна и акцијата за чистење на крајбрежјето, објави Трн.мк.

„Нашето непроценливо природно богатство заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина. Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина“, истакнуваат од „Скопско“.

„Оваа иницијатива е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност“, со која сакаме да го подигнеме нивото на свест за важноста на зачувување на нашите природни обележја кои не само што се наша гордост, туку се и наша одговорност“ , велат од „Скопско“.

Преку оваа акција се инвестираат средствата собрани во првата фаза од CSR кампањата во која од секое продадено „Скопско“ пиво во стаклена амбалажа се издвојува по еден денар во акции за чистење на Охридското езеро.

„Присуство и поддршка на сите кои се дел од оваа акција е се од клучно значење за нејзиниот успех. Ова е можност да се обединиме и заедно да ја покажеме нашата одговорност кон природните обележја и идните генерации“, велат од „Скопско“.

Извор и фото: Трн.мк