23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

По Италија и Белгија не дозволува Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија

Белгискиот премиер Александре Де Кроа изјави дека Белгија нема намера да и дозволи на Украина да го користи оружјето што го добила од Белгија за напади на територијата на Русија.

Во Вашингтон, пред средбата со американскиот претседател Џо Бајден, де Кроа потсети дека оваа недела потпишал договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој предвидува испорака на борбени авиони Ф-16 на Украина, но истакна дека договорот јасно наведува оти овие авиони можат да се користат само на тлото на Украина.

„Тоа е договор кој е склучен и сакам да се држам до него“, рекол Де Кро, пренесува белгискиот портал „7sur7“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела рече дека Украина може да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на руска територија./Извор:Makfax