34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исчезна пред 53 години: Половина век се трага по Тина Витмор, а полицијата повторно го отвори случајот

Полицијата упати апел за пронаоѓање на Тина Витмор, која исчезна пред 53 години во Англија кога имала 15 години.

Последен пат била видена во градот Бедфордшир на 31 мај 1971 година околу 14.30 часот кога рекла дека оди на прошетка.

Таа никогаш не се врати. Нејзиниот случај сега повторно го разгледува полицијата во Бедфордшир. Тие објавија фотографија на која се гледа како изгледала Тина во моментот кога исчезнала, но и како би можела да изгледа сега.

Ако е жива, сега има 68 години. Детективите кои го истражуваат нејзиното исчезнување велат дека постои извештај за исчезнато лице издадено од полицијата на долината Темза во септември 1971 година за 18-годишна жена од Хај Вајкомб по име Кристин Кинг.

Се верува дека Тина и Кристин се иста личност. Во раните 1970-ти, се појавија информации дека Тина живеела и работела во Сохо и Нотинг Хил, Лондон.

Полицијата, исто така, верува дека таа можеби добила третман во болница во главниот град, но заминала сама пред лекарите да го утврдат нејзиниот идентитет.

Сепак, оттогаш нема пријави за неа, соопшти полицијата. Таа е висока околу 160 сантиметри, светло кафена коса и кафени очи.

Според полициското соопштение, Тина е позната по тоа што носела перики.

– Само сакаме да знаеме дека е безбедна – најави главниот инспектор./Извор:Makfax