16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“ рече дека три-четворица од 18 пратеници на „Европскиот фронт“ на ДУИ се речиси дел од новото мнозинство, но без да споменува имиња.

„’Европскиот фронт’ не се обедини на идеолошки основи, не ги обедини програмата, туку се обединија да опстанат и да бидат дел од владата. Во моментот кога не се дел од владата, мисијата пропадна и почнува распаѓањето на ‘Европскиот фронт’, така што вечерва можам да кажам дека веќе од тие 18 пратеници, 3-4 со едната нога се дел од новото мнозинство“, рече Меџити.

Тој не сакаше да споменува имиња, но рече дека во „Европскиот фронт“, предводен од ДУИ, има и две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција, туку се гледа себеси во идната влада, изјави Изет Меџити за „A2 Си-ен-ен“, пренесе ИНА./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК