Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Истрага за полова злоупотреба на немоќно лице во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

-На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

C +

Во вториот круг 19.287 неважечки ливчиња, само во Скопје над 10.000

C +