5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб

Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.

„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.

Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.

Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Јапонија постави втор температурен рекорд за само една недела

C +

Ердоган доаѓа во Киев на покана од Зеленски – набргу нова рунда преговори?

C +

Зеленски ги посети војниците на бојното поле: „Тие се борат против платеници од Азија и Африка“

C +