Centar.mk
СВЕТ

Запленето големо количество кокаин во Грција: дрогата била скриена меѓу ракчиња, крајната дестинација била Албанија

Во пристаништето Пиреја запленети се 200 килограми кокаин, а дрогата била скриена во кутии со ракчиња.

Според првите информации, дрогата патувала во контејнери од Латинска Америка, а крајна дестинација била Албанија.

Според „Прототема“, дрогата била спакувана во кутии со замрзнати ракчиња. Се споменува и дека стоката требало да отпатува понатаму во Хрватска, а потоа во Албанија.

Медиумите јавуваат дека се уапсени четири лица, двајца грчки и двајца албански државјани.

Еден од двајцата уапсени Грци бил уапсен и во 2012 година во Костарика поради транспорт на оружје. Потоа беше екстрадиран во САД, каде што издржа затворска казна бидејќи против него постоеше потерница за помагање терористичка организација во Колумбија. Според информациите, тој пренесувал оружје, а за возврат добивал кокаин./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

20 американски сојузни држави поднесоа тужба поради одлуката на Трамп за визите

C +

Сијарто: Безбедноста на Европа ја гарантира НАТО, а не Украина

C +

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

C +
error: Соддржината е заштитена.