3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за одбрана и бил пренесен во болница со возило на брза помош, јавуваат италијанските медиуми.

Општата слабост е причината поради која Крозе беше хоспитализиран вчера попладне, по втор пат во последните три месеци, пренесува италијанскиот весник Месаџоро.

Тој, наводно, бил однесен во болницата Сан Карло ди Нанси во Рим, истата установа каде што бил лекуван во февруари поради перикардитис./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

C +

Турција се вооружува како никогаш досега – борбени авиони, беспилотни летала, тенкови и воени бродови

C +

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

C +