Centar.mk
СВЕТ

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа, пренесува ИРНА.

Гувернерот на Техеран Алиреза Фахари објави дека иранската престолнина е добро подготвена да одржи „величествена“ погребна поворка за да се збогува со претседателот Раиси и другите официјални лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа на 19 мај во северозападниот дел на земјата.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи ќе води молитва за починатиот претседател и неговата придружба на Универзитетот во Техеран, рече Фахари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НАСА бара луѓе кои би „живееле и работеле“ на Месечината

ДЕСК

„Не постои евтин руски гас“: Маѓар за енергетската политика на Будимпешта

ДЕСК

Зеленски: И јас можам да нацртам мапа за Путин на која целосно ја окупирам Русија

ДЕСК