23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Иран е започната истрага за падот на хеликоптерот на претседателот Ебрахим Раиси, погребот на жртвите ќе се одржи денеска

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во која беше жртва претседателот на Иран Ебрахим Раиси.

Истрагата која веќе започна на местото на инцидентот ја води генералот Али Абдолах, а резултатите ќе бидат објавени по истрагата, пренесува ИРНА.

Како што беше претходно објавено, се верува дека причина за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото.

„Раиси беше жртва во неделата (19 мај 2024 година) како резултат на падот на хеликоптерот што се случи поради технички дефект на леталото“, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИРНА. Погребот на сите жртви ќе се одржи денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време./Извор:Makfax