23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.

При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.

Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица./Извор:Makfax