Со исполнети 79.14% досегашната Влада на Република Северна Македонија го зазема водечкото место на отвореност на извршната власт во регионот, според Индексот на отвореност.
Согласно резултатите од последниот мониторинг за 2022 година, објавен 2023 година, останатите влади во државите од регионот не постигнале значителен напредок во однос на проактивна транспарентност и отвореност кон граѓаните, стои во објавата на Фондацијата Метаморфозис на социјалните медиуми.
Според индикаторите на отвореност по нашата држава е Советот на министри на БиХ, со исполнети 73,31 %, па Црна Гора со 68.,87%, Република Србија со 54,94%, Република Српска 38,2%, а последните места припаѓаат на Владата на БиХ, со 37,57% и Владата на автономна покраина Војводина 31,3%.
Објавата е дел од публикацијата „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку индексот на отвореност“, изработена од Фондација Метаморфозис https://www.instagram.com/p/C6-0w4loTCN/?igsh=aTI5ZHpzcHNicXpz