Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Муратов: Дезинформациите доаѓаат на емотивно ниво, затоа се успешни

„Во принцип дезинформациите и трол фабриките работат на емотивно ниво. Те фаќаат на емоции. Друго е кога ќе прикажам фотографија од дете што плаче, не јаде и кажам дека тоа е поради одредена политичка структура. Кога имаш такви моменти и емоции ја забораваш вистината“ рече уредникот на Цивил Медиа, Дехран Муратов во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека во такви моменти граѓаните не мислат на вистината, туку реагираат на емоции по што се шири таа дезинформација и пропаганда.

„Најлоша е полувистината во целото море на дезинформации“ рече Муратов.

Тој додаде дека доста такви дезинформации се споделуваат на контактните емисии на телевизиите, но и на дебатите, каде што некој од соговорниците знае да каже невистина, а водителот во моментот да не знае да ја демантира, по што таа се шири.

„Ако човекот кој ја кажал е од некоја политичка партија и каже некоја лага или дезинформација, неговите трол фабрики потоа ќе го шират тоа, често и со спонзорирани објави за тоа да стигне до поголема публика“ рече Муратов.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК