15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинците признаа дека Русите влегле во важен град: „Исклучително е тешко“

Шефот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“.

Олексиј Харковски, началникот на полицијата во Вовчанск, на „Фејсбук“ објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот.

Од вчера Русите тврдат дека нивните сили зазеле делови од Вовчанск и пограничното село Бухруватка. Вовчанск е стратешки важен град, кој стои на патот на Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина.

Вовчанск се наоѓа на приближно 5,5 километри од границата на Украина и Русија.

Украинските власти го евакуираат Вовчанск од минатиот петок кога почна новата руска офанзива на североистокот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина остана без клучните комуникации на бојното поле

C +

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

C +

Клучните прашања за атентатот врз Кирк остануваат неодговорени: неговата вдовица проговори

C +