4. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име, нѐ очекува тежок период

Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога.

„Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието со помош на пратениците на ‘Влен’, ЗНАМ и Левицата, нека повели во Собранието и со уставни измени нека го врати старото име на државата. Нѐ очекува тежок период.

Се чини дека е стратегија на ВМРО-ДПМНЕ – забораваат дека сега имаат одговорност и нема друга кампања. ВМРО има добиено голема поддршка од граѓаните и се чини дека сѐ што е кажано во кампањата е голема лага“, додаде Лога.

Претходно, министерот рече дека непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Власта се заплетка со скандалот, кој лаже Бојан Христовски или Мицкоски?

C +

Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, силно ќе се бори против криминалот, ослободена од политички и други влијанија

C +

Шукова: Со СДСМ решение и крај на труењето од Вардариште – Скопје заслужува вистинско решение

C +