22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грузија го усвои контроверзниот „руски закон“, кој предизвика хаос во земјата

Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за странските агенти и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да му се приклучи на блокот.

Новиот закон ќе бара организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија ,кои Кремљ ги користел за да ги задуши опозицијата и граѓанското општество.

Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.

Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките велејќи дека овој потег ќе ги промовира транспарентноста и националниот суверенитет.

Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателката Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето.

Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство./Извор:Makfax