16.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нападнат полициски конвој во Франција, има загинати: превезувале затвореник, кој побегнал со напаѓачите

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој што превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

Нападот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.

Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот што бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот Мува, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите./Извор:Makfax