24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Јавноста се уште не знае која е цената, особено политичката за најавената една милијарда евра на Мицкоски

Одговарајќи на прашање околу најавената една милијарда евра заем што ја ветува Христијан Мицкоски професорката Ана Чупеска во интервју за Слободен печат посочи дека тоа е спорно по неколку основи.

„Има повеќе работи спорни во заемот од една милијарда евра. Прво, од која позиција преговарал Мицкоски, а она што е уште поважно е која е цената на тој финансиски пакет? Знаеме дека никој не дава бесплатен ручек, па веројатно има и некоја противуслуга за тоа и прашањето тука е која е политичката цена што треба да се даде за таа една милијарда“ порача Чупеска.

Но освен цената, за Чупеска е спорно и како тој заем ако доаѓа од трети земји, ќе влијае на односите меѓу Македонија и ЕУ.

„Колку таа една милијарда евра кореспондира со финансискиот пакет од ЕУ? Следно, во зависност од кој извор се тие една милијарда евра како ќе се рефлектира на нашите позиции во НАТО. Не е исто дали пари ќе ти дадат ММФ и ЕУ или некој трет субјект, затоа што тој трет субјект, веројатно очекува и неккави политички услуги. Се сеќавате дека имаше цена и милијардата на Тупурковски. По неколку линии таа помош е контроверзна, ќе видиме од кого е по која цена и со која цел“ рече Чупеска.