23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Украина: Руси планирале терористички напад во Киев

Агенти на руската разузнавачка служба планирале серија терористички напади во Киев, каде што поставиле експлозивни направи во продавниците на познат синџир и во близина на кафуле, објавија украинските обвинители и тајната служба СБУ.

Според истрагата, осомничените требало да постават експлозивни направи во три трговски центри во главниот град и во автомобил паркиран до популарно кафуле во Киев, а потоа планирале да ги активираат.

Акцијата за апсење била извршена на паркингот на трговскиот центар, каде што осомничените планирале да го подметнат последниот експлозив. На двајцата осомничени им е одреден притвор.

Сите 15 експлозивни направи, кои биле маскирани како прехранбени производи, биле откриени и навреме неутрализирани од органите на редот, се додава.

Според контраразузнавачката служба на СБУ, организатор на терористичките напади бил Јуриј Сизов, вработен во руските специјални служби, кој служи во воената единица #92154.

Наводно тој лично им давал инструкции на агентите, па дури и снимал видеоинструкции за поставување експлозивна направа во една од продавниците на истиот синџир во московскиот регион, наведува СБУ.

Тие исто така велат дека Сизов бил одговорен и за извршување саботажа во Украина, што требало да се случи во регионот Лавов во февруари 2024 година. Тогаш СБУ исто така ги спречила експлозиите./Извор:Makfax