22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху: Тоа е војна, Израел или Хамас – слобода и безбедност или исчезнување, масакр и силување

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната во Газа е борба за постоењето на Израел.

„Тоа е војна: или ние – Израел или тие – чудовиштата на Хамас“, рече тој за време на церемонијата на Меморијалниот ден на планината Херцл, местото на главните воени гробишта во Израел.

„Или постоење слобода, безбедност и просперитет или исчезнување, масакр, силување и потчинување“, додаде тој.

Седум месеци по почетокот на војната во Газа, Нетанјаху рече дека Израел е „решен да ја добие оваа битка“ и дека непријателот „ќе продолжи да плаќа висока цена за своите злосторства“.

Победата над Хамас значи враќање на сите заложници дома, продолжи израелскиот премиер, а таквата победа би ги осигурила постоењето и иднината на Израел, додаде тој./Извор: Makfax