24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Јонузи за Слободен Печат: СДСМ а не ДУИ е втора политичка сила во државата според изборниот резултат

– Треба да направиме една дигресија според тоа што го најавува ДУИ, во однос а резултатите од Парламентарните избори. Тие изјавија дека се втора политичка партија на ниво на државата но тоа треба да се истакне дека е според добиените мандати за пратеници но не и по изборниот резултат. По број на добиени гласови на ниво на државата, втора политичка партија е СДСМ, истакна новинарот na „Фронтлајн“ Дестан Јонузи, во гостувањето на утринската програма на „Слободен Печат“.

Тој нагласи дека СДСМ има над 150 илјади гласови и тука ако се пресметаат и бројот на гласовите од претседателските избори за Стево Пендаровски кој е предложен од СДСМ што се над 200 илјади, повторно може да заклучиме дека СДСМ е втората најголема политичка партија во државата во моментов според бројот на добиени гласови.

„Според бројот на пратеници, тоа го прави системот на распределба на мандатите. Ако бевме една изборна единица ќе беше друг распоредот на мандатите и тогаш СДСМ ќе беше повторно втора политичка сила во државата и според број на пратеници“, рече Јонузи.

Резултатот на политичкиот блок кај Албанците, нагласи Јонузи, беше тој што се очекуваше.

„Дури ги надмина очекувањата на опозициските партии во коалицијата ВЛЕН, бидејќи тие на претседателските избори имаа над 83 илјади гласови а прескокнаа над 107 илјади гласови на парламентарните избори. Тој резултат можеби се должи на доаѓање на гласачи од дијаспората, но може да помогнале и некои неочекувани постапки на одредени чинители на владејачката ДУИ, односно претставници на коалицијата Европски фронт, што придонесоа да има зголемување на бројот на гласови за опозициската ВЛЕН“, рече Јонузи.

Извор: Frontline.mk