Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Новата деловна стратегија на НЛБ Групацијата претставена на „Денот на инвеститорите“ во Љубљана: Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Новата деловна стратегија на НЛБ Групацијата претставена на „Денот на инвеститорите“ во Љубљана

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

НЛБ Групацијата до 2030 година ќе стане водечка банкарска Групација во регионот, со повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и добивка од една милијарда евра. Ова е основата на новата, амбициозна деловна стратегија на НЛБ Групацијата, која вчера беше претставена на вториот по ред „НЛБ Ден на инвеститорите“ во Љубљана, пред повеќе од 200 странски инвеститори, финансиски експерти, аналитичари, претставници на клучни регионални компании и медиуми.

Развиена како одговор на променливото банкарско опкружување, претстојните предизвици, но и новите можности, стратегијата предвидува до 2030 година НЛБ Групацијата да стане лидер во сегментот на мали и средни претпријатија, истовремено играјќи водечка улога во областа на финансирањето на енергетската транзиција, каде обемот на ваквите заеми ќе изнесува 3,2 милијарди евра.

Голем акцент е ставен и на дигитализацијата и вештачката интелигенција, а една од стратешките цели е учеството на мобилните плаќања да надмине 80 проценти, во чија реализација НЛБ Групацијата има намера да инвестира меѓу 170 и 200 милиони евра во наредните пет години.

Заклучок на вториот „Ден на инвеститорите“ на НЛБ е дека како најголема банкарска Групација со седиште и ексклузивен стратешки фокус на Југоисточна Европа, го препознава големиот потенцијал на овој регион. Затоа новите стратешки цели се амбициозни, но реални.

За потсетување, на вчерашниот „Ден на инвеститорите“ во Љубљана, НЛБ Групацијата ги објави и трите најдобри регионални идеи за подобро општество од проектот „Рамка за помош“, за кои Групацијата обезбеди вкупен награден фонд од 100.000 евра. Оваа сезона баравме иновативни проекти од регионот кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат различни предизвици. Добивме вкупно 272 апликации од сите пазари каде што работи НЛБ Групацијата, а меѓународното жири избра три регионални победници за кои сметаше дека најмногу можат да помогнат да се надминат предизвиците во општеството, системските нееднаквости и да придонесат кон благосостојба на поединци.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК