23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кочишки: Пишувам за тоа како се живее во Скопје, градот каде речиси ништо веќе не се прави од љубов

Во првата поема зборувам за тоа каков човек да се биде, добар или можеби измамник кој е лош, односно за карактерисиките на човекот кои секојдневно се среќаваат низ Скопје рече во интервју за Слободен печат, младиот поет Марко Иван Кочишки.
Тој додаде дека во неговата книга „Зб’рка поезија“ многу се зборува за љубовта но и за животот на младиот човек во Скопје.

„Во поемата „Скопје ти ќе рикнеш“ се зборува за тоа како веќе нема чист воздух, како има бездомни кучиња, дека градот веќе нема функција и дека се се прави само ради реда и ништо веќе не се прави со љубов. Но сепак има и луѓе што прават се за градот да стане поубав и сакам да кажам дека и јас сум дел од нив“ порача Кочишки.

„Зб’рка поезија“ е дебитантско остварување на Кочишки и во неа има 28 поеми напишани на четири јазици а нејзината промоција се случи вчера во културниот центар „Лабораториум“