1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Одиме на внатрепартиски избори за претседател и раководство на партијата

Повикувам на нови нвнатрепартиски избори на сите партиски тела почнувајќи од претседателот на партијата, раководството, па се до претседателите на ОО и сите органи на партијата, рече вчеравечер претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека денешниот резултат е разочарувачки и дека детално ќе биде анализирано за да се најде изворот и причините за овој исход.

„Органите на партијата ќе одлучат прецизно за времето и начинот на спроведување на овие постапки. Тој процес не смее да биде долг, ниту брз или експресен. Тој процес на длабока внатрешна промена и консолидација можат да го изведат само оние кои се спремни да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата во државата, оние кои немаат багаж од било каков вид, особено не карактеристики поради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК