23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦИВИЛ со 80 набљудувачи ќе ги мониторира изборите

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како и секој изборен циклус така и овие претседателски и парламентарни избори, ќе ги мониторира овие избори со 80 набљудувачи, а во текот на денот ќе одржи осум прес конференции на македонски и албански јазик.

Како што велат од ЦИВИЛ на денот на гласањето, 8 мај, ќе бидат распоредени 80 акредитирани набљудувачи низ целата земја кои се мобилни и посетуваат повеќе избирачки места.

Од таму велат дека во ова организација можат да пријават нерегуларности преку телефон и нивната веб страница.

„Сите граѓанки и граѓани се повикани да пријавуваат нерегуларности на веб страницата СЛОБОДНИ ИЗБОРИ, во порака на Фејсбук страницата на организацијата или на телефоните 02/520 91 76 или 071 712 799, како и на мејлот monitoring.civil@gmail.com“, нагласуваат од ЦИВИЛ.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе биде отворен од 7 до 23 часот. Во текот на денот, ЦИВИЛ ќе одржи осум прес конференции на македонски и албански јазик, а ќе биде на располагање на медиумите и за поединечни изјави во Прес центарот на организацијата.

ЦИВИЛ бара од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Северна Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да придонесат кон демократски, законит и фер изборен ден на 8 мај, како и за време на гласањето на 7 мај.

Од таму велат дека изборите го одразуваат духот на демократијата во една земја и се организираат за граѓанките и граѓаните, не за партиите. Затоа, секој учесник во изборниот процес има законска и морална обврска да придонесе кон фер и демократски изборен процес.

Невладината ЦИВИЛ упати повик до политичките партии да ги почитуваат демократските принципи и да им порачаат на своите членови и симпатизери да се воздржат од кршење на изборниот молк, како и од ширење на говор на омраза и дезинформации.

Извор: Civilmedia.mk