„Во однос на Украина, ние бевме во тие 4-5 нето контрибутори, од сите земји членки на алијансата и и го дадавме на Украина сето она што го имавме од старите залихи, тука имавме претежно оружје од некогашниот Советски сојуз. Бидејќи сме членка на НАТО и по НАТО стандарди треба да се вооружуваме и опремуваме, тоа го дадовме и ние понатаму немаме што да и дадеме на Укарина во смисла кое го правевме изминативе две и половина години. Понудивме и тоа е можно да се реализира, извесна обука за нивните војници, се разбира зааедно со другите членки на НАТО, бидејќи ќе биде од поголем квалитет ако го правиме со една Америка или Германија, Велика Британија и понудивме, засега нема операционализација, еден вид на медицинска обнова, на ранетите, повредените од војната, војниците и децата и нивните семејства,“ рече претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во дуелот со неговата против кандидатка Гордана Силјановска Давкова, на ТВ Телма, а во однос на тоа доколу биде претседател, во која мерка би била понатамошната подршка на Украина.