16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска: Лицемерно е да седите во Белата палата изградена на најкрминиален начин и да кажувате дека сте за борба против корупција

„Многу работи се направени изминатите седум години, тоа го покажуваат сите извештаи за борба против коруоција. Можеме да ги погледнеме извештаите на Транспаренси Интернешнл, каде се гледа скокот. Но од оваа позиција на која што сум, дел од актуелната влада, можам да кажам дека треба и може уште повеќе“ рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека дел од програмата на СДСМ е посветена токму на мерките за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„За разлика од некои времиња, кога креатори на корупција беа властодршците од ВМРО-ДПМНЕ и од Белата палата се делегираше корупција, сега се менуваат работите“ рече Петровска.

Таа додаде дека е лицемерно да седите во Белата палата, која е изградена на најркиминален начин и да велите дека сте поборник за борба против корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во фирма во Тетово: Приведени 39 државјани на Албанија кои непријавено работеле за градежна фирма, следуваат пријави за нив и за сопственичката на фирмата

ДЕСК

Судот го забрани најавениот штрајк во М НАВ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.