27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и за поделба на социјалдемократите

„Нека не ве лажат кога ви кажуваат дека глас за ЗНАМ е глас за социјалдемократска партија или дека тоа не е против СДСМ. Така лажеа пред првиот круг, така веќе не може да лажат. Послеедниве два дена паднаа маските и станува јасно дека глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ“ рече носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Венко Филипче на митингот во Неготино.

Тој додаде дека со гласањњето на ЗНАМ се прави поделба на социјалдемократите и на прогресивните и се слабее СДСМ, на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

„На тој начин не се казнува СДСМ, само се наградува ВМРО-ДПМНЕ да владее без контрола и разум“ рече Филипче.

Тој додаде дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола, бидејќи сите добро знаат што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ е без контрола.

„Стануваат насилни, владеат со страв и уцени, ги користат новите партии како ЗНАМ и ги елиминираат кога не им се веќе потребни. Одговорни сме тоа да го спречиме“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје

ДЕСК

Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

C +

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

C +