25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Обезбедивме 330% повисока социјална помош, 53% повисоки пензии, 180% повисока минимална плата, но тоа не е доволно

„Парите во буџетот се на граѓаните и нив праведно ги трошевме. Ги трошевме за граѓаните и за нивен подобар и поквалитетен живот, но очигледно не беше доволно“ рече коносителката на листата во ИЕ4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јована Тренчевска на митингот во Неготино.

Таа додаде дека потребен е поголем фокус на здравството, образованието, судството за младите да ни останат дома.

„Фокусот на идната влада на СДСМ е токму тоа, функционална држава и младите да ни останат овде во Македонија“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека изминативе години, таа како министерка за труд и социјална политика ги слушаше потребите на граѓаните и секогаш храбро ја говереше вистината.

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца од само 25 отсто. Затекнавме куп лажни ветувања. Од 2017 ходина до денес, Владата предводена од СДСМ отвори 84 нови градинки и офпатот на деца го зголеми на 48 проценти“ рече Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК